Loading virtual tour.
Please wait...


© Bojan Trenchevski
360° ВИЗУЕЛЕН ВОДИЧ
НИЗ МАКЕДОНИЈА
< Назад кон МКД МЕНИ
КОЧАНИ
Кочани
Споменик „Слобода“
Езеро Гратче
_______
КОЧАНИ
Град на оризот




Градот Кочани се наоѓа на 120 км одалеченост од главниот град Скопје, поточно ја завзема северната страна на Кочанска Котлина и го зафаќа просторот од двете страни на Кочанска Река. Градот е поставен помеѓу Осоговски Планини и планината Плачковица. Кочани лежи на 350 до 450 метри надморска височина. Во близина на Кочани е познатиот зимски туристички центар Пониква до кој води асфалтиран пат во одлична состојба, долг околу 20 км.


Како и за други населби во Македонија и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на Кочанска Река. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, римска и византиска керамика, питоси и сл.) се пронајдени на наоѓалиштето Долно Градиште во реонот на селото Долно Гратче. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. Во градот и неговата околина се откриени повеќе наоѓалишта од железното време, меѓу кои извесни истражувања се вршени на наоѓалиштата Текешински Лозја, Барутница и Алењак. Исто така, направени се сондажните истражувања на наоѓалиштето Лукобија каде е откриена некропола од римскиот период, односно II-III век, во која се пронајдени предмети од керамика и друг движен материјал, како и остатоци од бедем што упатува на постоење на тврдина или заштитен бедем на некој град или пак населено место.


Археолошкиот материјал, откриен на левиот брег на Кочанска Река во реонот на денешниот град, укажува дека овој простор бил населен уште во најстари времиња. Тоа води кон заклучок дека ова населено место израснало од некогашната трачка станица Транупара, која според Појтингерова табла (Tabula Peutingeriana - карта на воените патишта на Западното Римско Царство од IV век) се наоѓала на околу 30 милји од градот Астибо.


За првпат во пишан документ Кочани (Кочъни) се споменува во 1377 година во една грамота, во која деспотот Јован Оливер му ја доделува црквата „Св. Димитрија“ на градот. Но, Кочани, постоело многу порано од 1337 г. бидејќи тој не ја подигнал црквата која и претходно постоела и имала поголем неподвижен имот во кој спаѓало и селото Јастребница (денешно Јастребник). По Јован Оливер овде завладеал феудалецот Константин Дејанов, а потоа градот потпаднал под ропство на османлиските Турци.


Oд 2025, Градот Кочани ќе се памети по трагичниот пожар во кој го изгубија животот околу 60 млади лица.



Enable audio?
YES
NO